• Mon. Nov 25th, 2024

МОН и матурантите се договорија

МОН и матурантите се договорија

МОН и матурантите се договорија. Министерството за образование и наука известува дека е прифатливо компромисното решение. Начинот на полагање на државната матура го прифати и Сојузот на средношколци.

МОН и матурантите се договорија дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти. Северна Македонија го задржува стандардот од четири испити (два екстерни и два интерни). И ниту еден матурант нема да биде оштетен, велат од МОН.

„Уште утре Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови. По што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура. Министерството за образование и наука во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени. Со цел успешно да се подготват за престојното полагање на испитите“, велат од МОН.

Исто така, , напоменуваат дека овој модел бил веќе применуван во нашата држава. И тоа од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година.

„Во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета. Планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме. Министерството за образование и наука продолжува посветено да работи на создавање на квалитетно образование коешто е во интерес на учениците“, се наведува во соопштението.

Матурантите ја блокираа наставата барајќи измени во бројот на предмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *