• Fri. Nov 22nd, 2024

Модуларниот ковид ценатaр во Струмица речиси готов

kovid centar

Модуларниот ковид центар во струмичката болница полека се комплетира, каде начелно требаше да се лекуваат ковид позитивните пациенти, ама сликата полека почна да се менува.

Бројот на позитивни опаѓа ама од управата велат дека сепак ковид центарот ќе биде добредојден оти ќе се ослободи хируршката амбуланта која во моментов се користи како дневен центар, за таму пак да се премести невролошката амбуланта.Ќе се сместат и донациите од Кувајт

Струмица во мометов е со 26 хоспитализирани лица ,24 слободни места , дванаесет на дневна амбуланта, активни случаи до пред две седмици беа 600 сега има само околу стотина.

Епидемиолозите сепак апелираат , граѓаните да не се опуштаат , да ги почитуваат мерките со цел трендот на намалена бројка да остане.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *