• Fri. Nov 22nd, 2024

Модната икона Ирис Апфел наполни 100 години

Светски познатата модна икона Ирис Апфел наполни 100 години. На својот фејзбук профил таа објави фотографија со балони со бројот 100 и напиша: „Не се полнат 100 години секој ден. Нека почне прославата“.

Таа е позната по својата кратка, бела коса, огромните очила и многу накит, но секако и по тоа што беше задолжена за дизајн на ентериерот на Белата куќа, и тоа за време на десетмина претседатели, почнувајќи од 1945 година.

Ако некој заслужува статус на легенда, тогаш тоа е Ирис. Позната дизајнерка на ентериер, колекционерка на накит и уметнички предмети, модна икона и инспирација за многу дизајнери, бескрајно духовита и автентична.

Годините не ја спречуваат Ирис да живее со полна пареа, таа ги следи модните случувања, редовно оди на шопинг и постојано внимава на својот личен стил.

Освен тоа, Ирис во 2005 година стана прва жива личност што ги изложила своите алишта и додатоци во музејот на уметноста „Метрополитен“. Оваа изложба ја видоа 150.000 луѓе. Сепак, самата Ирис не се смета за модна икона.

– Модата не е мојот живот. Не живеам да се дотерам. Ми се допаѓа невообичаената гардероба, но ѕирнете во гардероберот и ќе видите дека имате цел шарен свет со кој можете да експериментирате – изјави Ирис.

Светот е воодушевен и од документарецот што го следи нејзиниот живот, чиј режисер е Алберт Мајселс, објавен на „Нетфликс“ во 2014 година. А во 2018 е објавена и нејзина биографија инспирирана од нејзиниот богат живот, полн со инспиративни искуства.

Таа себеси се нарекува геријатриска старлета и нонстоп е насмеана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *