• Fri. Nov 22nd, 2024

МНР отвори телефонска линија на која може да се обратат роднините на патниците од автобусот

Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија.

„Отворена е телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе може да се обратат за дополнителен совет“, информираат од Министерството. Телефонскиот број е: 075/273 732

Имајќи ја предвид тешката несреќа што се случи синоќа, Министерството информира дека во институцијата веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата.

„Двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат за сите процедури поврзани со трагичниот настан“, велат од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *