• Fri. Nov 22nd, 2024

ММФ- Македонската економија заздравува

Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оценила мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6 до 17 мај, а информираат од Министерството за финансии.

Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од корона-кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните.

„Од Меѓународниот монетарен фонд проектираат растот на бруто-домашниот производ на земјава во 2021 година да порасне за 3,8%, со нагласок дека проекцијата може да претрпи нагорна корекција доколку се продолжи со забрзување на темпото на имунизација. Фискалната политика треба да продолжи да биде поддршка за заздравување на економијата, поттикнување на отворање нови работни места и зачувување на социјалната стабилност, посочуваат од Фондот. Тие нотираат дека Владата и во 2021 година продолжила со поддршката на фирмите и граѓаните и истакнуваат дека доколку има потреба Владата треба и понатаму да продолжи со мерки кои ќе придонесат за заздравувањето“, се посочува во информацијата на ресорното министерство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *