Младите музичари од ОМУ Боро Џони од Струмица нижат европски награди. Пандемијата ги затвори границите, но ги прошири можностите за учество на меѓународни натпревари на овие ученици, кои со онлајн учествата ја шетаат Европа. На неодамнешниот натпревар во Шпанија, учениците од Боро Џони освоија повеќе награди. Заедно со менторките Ана Тимова и Костадинка Ончева тие ги забележаа следните успеси:
Дуото Матеа Димова на виолина и Магдалена Мучева на пијано – гранд при. Матеа и Магдалена учествуваа и на натпревари во Италија, Латвија, Канада, Штип и Скопје.
Никита Георгиевски пијано, прво место, а учествува и на натпревари во Украина и Италија
Елена Јованова, виолина, прво место. Елена учествува на натпревари и во Италија и Украина.
Лора Арсова учествува на натпревари во Украина и Италија.