Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира „Камп за претприемништво и иновации за млади“ во рамки на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Би Ин“.
Кампот ќе им овозможи на учесниците развој на специфични вештини непоходни за основање сопствен бизнис. Истите ќе имаат можност да научат повеќе за претприемништвото и иновативните деловни практики, да ги унапредат своите претприемачки вештини и да развијат соодветен деловен план преку практична и интерактивна програма.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во рамките на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Република Македонија