• Fri. Nov 22nd, 2024

Министерството за здравство ветува 40.000 вакцини против сезонскиот грип

Од Министерството за здравство уште еднаш упатуваат апел за што поголем опфат на вакцинација против корона вирусот. Лекарите велат дека нема несакани ефекти ако се земат и двете вакцини истовремено.

Според здравствените власти, бесплатна вакцина против сезонската инфлуенца, грипот, може да примат лица постари од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Во центрите за јавно здравје ќе има и комерцијални вакцини, и тие се наменети за граѓаните кои не спаѓаат во некоја од ризичните групи, а кои ќе сакаат да се заштитат од сезонскиот грип.  Лани вакцината против сезонски грип чинеше 600 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *