• Sun. Nov 24th, 2024

Министерство за образование тврди дека учениците навреме ќе добијат свидетелства

Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

-Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска. Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование – наведува МОН.

Според МОН, по целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение.