• Fri. Nov 22nd, 2024

Министерот Османи ќе контактира со семејствата на загинатите во Бугарија

Министерот за надворешни работи Османи потврди дека е во постојана секојдневна комуникација со бугарските власти за текот на истрагата но дека точниот ден за тоа кога ќе заврши споредувањето на ДНК анализите со профилите на роднините во лабораториски услови се уште е непознат.

Османи рече дека ќе комуницира и со роднините на починатите за да се направи акциски план на делување околу транспортот на посмртните останки.

Бугарските истражни органи и натаму интензивно работат и трагаат по одговори за тоа дали заради лошата сигнализација наместо по патот автобусот навлегол во просторот за паркиралиштето и зошто автобусот успеал да ја пробие заштитната ограда која според сите стандарди требала да ги издржи ударот без да биде скината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *