• Sat. Nov 23rd, 2024

Министерот Николовски се сретна со струмичките земјоделци

Проблемите со пролетната зелка се најчесто на терен, затоа што има откуп и пласман на пролетната зелка. Ова е заклучокот на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, по состанокот на струмичките земјоделци. Ги предупреди откупните центри да се имаат фер и коректен однос кон производителите, бидејќи ќе има чести контроли од инспекторатот.

Земјоделците се незадоволни од цените по кои се откупува зелката, а се жалат и на третманот од откупувачите. Се сомневаат во манипулација со цените, но и мерењето на продаденото производство.

Откупот на пролетната зелка стартуваше со 30 денари за килограм, но набрзо цената почна да паѓа. Освен што е нестабилна, цената е веќе и преполовена и изнесува 15 денари за килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *