Епископот Стобиски Јаков вели дека од Законот за родова еднаквост произлегува терминот родов идентитет, што според него е еден од најспорните моменти во законот. Ова го изјави со синоќешното интервју за Сител, каде образложи што го загрижува во предлог законот. Иако најголемиот дел од законот според него е добар, постојат замки на кои изминатиот период повикува на внимателност.
Министерката за труд и социјална политика, пак, тврди дека законот се залага за поголеми човекови права и дека суштината на законот не била доловена на трибината што на 17 март се одржа во Струмица.
Министерката најави дека викендов ќе закаже средба во струмичката епархија и ќе разговараат за Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.