• Sat. Nov 23rd, 2024

Милевски ќе ја депонира оставката до Владата

Министерот за локална самоуправа си заминува од функцијата. Но од владејачката коалиција велат дека тој нема да повлече нога, односно засега не се предвидува некаква реконструкција во Владата.

Прва оставка во Владата на премиерот Димитар Ковачевски по осум месеци откако тој е на премиерското место. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември поднесе оставка до Владата, како што наведе, од лични причини.

Неговата оставка во јавноста се поврзува со неговиот став за Францускиот предлог, различен од оној што го имаше владејачката коалиција, чиј член е и неговата Либерално-демократска партија (ЛДП).

Милевски беше против Францускиот предлог со кој дел од бугарските барања влегоа во преговарачката рамка со ЕУ како услов за повлекување на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Сепак, двајцата пратеници од неговата партија во Парламентот, гласаа „за“ предлогот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *