Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се излекува од корона-вирусот. Тој објави дека од денеска се враќа на работа.
„Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство“, напиша Мицкоски.
извор: Макфакс