• Fri. Nov 22nd, 2024

Општински обврзници и економски зони, најави Мицкоски за финансирањето на општините

Општините ќе започнат со новина на издавање на општински обврзници. Секое домаќинство, правно и физичко лице, ќе може да учествува во купување на тие обврзници, пари кои ќе се употребат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и нови училишта, па дури и економски општински зони. За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5%, каматните стапки за седумгодишен период на граѓаните и компаниите кои ќе учествуваат во купувањето на овие обврзници, ќе бидат 9 до 10 пати поголема односно ќе се движат од 4,5 до 5%. Така општините ќе дојдат до свежи пари, граѓаните и компаниите кои ќе дојдат до тие средства ќе можат да очекуваат за неколку проценти повисока камата и заработувачка, а населението и граѓаните во Македонија многу нови проекти. Оваа новина која до сега не била спроведена очекувам да започне до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на наредната година, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот „Саем на промените што носат иднина“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *