• Fri. Nov 22nd, 2024

Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега. Ова го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 2 Август од  Ташмаруниште, Струга.

„Додека трае споменот за Илинден ќе трае и Македонија. Илинден е нашата епска битка, нашето македонско верују, нашата библија. И нашиот крст кој ние со исклучителен пиетет го прифаќаме и носиме. Двата Илиндена не беа создадени за да не успееме, туку за да живее идејата која донесе слободата. А слободата денес е платена со крв, пот, солзи и многу животи. Ете толку е скапо она што ни го донесоа двата Илиндена и толку е голема нашата обврска да успееме“, рече Мицкоски.

Знам дека ова време, додаде тој, се најтешките години од независноста до денес, но сетете се колку им било тешко на грамадните Илинденци да кренат востание против најголемата империја, и асномците да се борат против дотогаш најголемата воена сила некогаш позната во човештвото. „Голораки, против најголемите, но со срце пламено, со храброст грамадна“, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *