Методија Димовски е нов генерален секретар на Владата.
Димовски е назначен на денешната седница на Владата по оставката на досегашниот Мухамед Зеќири против кого се води истражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување.
Димовски беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравје на луѓето.