Мерки за поддршка на стопанството и за спас на работните места
Различни мерки за вработување и обуки, но и мерки за зачувување на постојните работни места ќе бидат неопходни и во следниот период, заради зачувување на постојните, но и создавање нови работни позиции. Ова го посочија претставниците на бизнис-заедницата по најавата на министерката за труд и социјална политика за реализација на оперативниот план за вработување каде што предност ќе им се даде на граѓаните што го изгубиле работното место поради кризата со ковид-19 и ранливите категории.