• Mon. Nov 25th, 2024

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено

исплата пензии, пари

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено. Од Македонската банкарска асоцијација информираат дека банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните. Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво.

„Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период“, порачаа од банкарската асоцијација.

Истовремено, потсетуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *