Во сабота, 10.09 започнува 3. Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во жени „Илија Караманов“ во Струмица во организација на ОК Наковски волеј Струмица.
Првиот натпревар ќе биде помеѓу ОК Работнички Скопје и Скендербеу Албанија во сабота 10.09 со почеток во 16:30 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“ а во 19:00 часот во спортска и натпреварувачка атмосфера турнирот продолжува со натпреварот помеѓу струмичкиот тим ОК Наковски волеј и DRITA- Gnilanje од Косово.
Вториот ден од турнирот 11.09 (недела) во 11:00 часот ќе се игра за 3 то место а, во 13:00 часот најдобрите ќе се борат за престижно прво место на турнирот „Илија Караманов“
Со квалитетна одбојкарска игра и во спортски дух да му оддадеме уште еднаш почит на нашиот струмичанец поранешен одбојкар, тренер и професор Илија Караманов.
Очекуваме секоја екипа да покаже максимално добра игра а публиката да има повеќе моменти на уживање и спортско навивање.