Матурантите и натаму не можат да најдат заеднички јазик со МОН, а оттаму пак не попуштаат и стојат на ставот дека и оваа година ќе се полагаат четири предмети од државната матура, а не два како што бараат средношколците.
По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие, матурантите организирани од Сојузот на средношколци се вратија на настава.
Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот и да почека парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образование.