Штрајкот на вработените на Управата за водење матични книги, од канцелариите се префрлува на улица. Денеска околу 50 вработени од скопската канцеларија на УВМК ќе излезат на предупредувачки протест и ќе го блокираат централното градско подрачје со автомобили, од 15 до 17 часот. Нивна поддршка ќе биде Конфедерацијатана синдикални организации на Македонија.
И покрај активниот штрајк на вработените во Управата за водење матични книги, денеска матичарите своето незадоволство за неисполнетите барања од надлежните институции ќе го изразат излегувајќи на протест и блокирајќи го центaрот на Скопје.
Двочасовниот мотопротестен марш со колона од 30 до 50 возила ќе започне во 15 часот од Жена парк, а ќе се движи во правец на Министерство за правда, најави Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) и Независниот Синдикат на управата за водење матични книги.