– Со големо задоволство ја следевме информацијата во јули дека конечно ќе почнат преговорите за влез на Северна Македонија во Европската Унија. Тоа што е со задоцнување, за жал, не беше разумно, но одлуката да почнат преговорите, сепак, го наградуваат напорот што ЕУ го направи кон Северна Македонија, истакна претседателот на Италија, Серџо Матарела.
На заедничката прес-конференција со шефот на државата Стево Пендаровски, Матарела рече дека тоа е потврда на заложбата на Северна Македонија и на сите земји кои, како што рече, со одлучност ја поддржуваа Македонија, како што тоа го направи Италија.
Нагласи дека Италија постојано ќе биде на страната на Северна Македонија на патот што треба да го изоди, на патот на реформите за да се стигне до акито на ЕУ.