За забава под маски никогаш не е доцна. Ова правило важи за учениците и наставничките од основното училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, кои приредија детски маскебал за своите ученици. Станува збор за петте наставнички Невенка Дончевска, Наташа Тумановска-Витанова, Билјана Ставрова, Фани Ристова и Адријана Ковачева.
И самите маскирани, тие ги однесоа дечињата во ресторан во градот, каде продолжи забавата под маски. А, децата, онака како што само тие знаат, ги оживејаа најимресивните ликови од светот на фантазијата: принцови, супер херои, стрип јунаци и ликови од видео игри, што ли не пристигна на забавата под маски.
Наставничките велат дека сакаат децата да ја почувствуваат магијата на карневалот и да стекнат љубов и почит кон оваа традиција.