• Thu. Nov 21st, 2024

Марјан Ѕин со изложба „Реминисценции“ во КИЦ Софија

Вечерва се отвори ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров од Струмица, кој долги години живее и работи во Софија, Бугарија. МЕѓу другото, тој е и повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на Македонија во Софија.

На изложбата уметникот го претстави својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Северна Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.