Синоќа во Струмица се одбележа 30 години творештво на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров-Ѕин. Уметникот кој живее во Софија, пред своите сограѓани струмичани рече дека во уметноста се наол уште како момче од 16 години, инспириран од уметниците кои катадневно оделе во некогашниот работнички универзитет.
За творечкиот опус на Ѕингаров говреа и поетите Никола Маџиров и Ѓорги Калајџиев како и драматургот Сашко Насев. Калајџиев вели дека иако Ѕингаров е скромен, неговиот квалитет како автор го потврдуваат токму делата што ги красат ѕидовите на домовите и инситуциите и книгите на авторите.
Ретроспективната изложба на Ѕингароф е отворена во градската галерија на струмичкиот плоштад.