• Fri. Nov 22nd, 2024

Маричиќ во посета на Брисел

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидени се средби со еврокомесари и европратеници на кои ќе се разговара за реформските процеси во земјава, европските реформи со фокус на оние во ресорот правда.

За време на посетата предвидено е Маричиќ да се сретне со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова.

Исто така и со европратениците Андреас Шидер, Тања Фајон, Јуан Фернандо, Желјана Зовко, Катарина Барли, Ирена Јовева и Владимир Биличиќ. Дополнително предвидена е средба со известителот во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

Министерот за правда Маричиќ во Брисел ќе учествува и на видеонастан во организација на Центарот за европска политика (ЕПЦ). Таму ќе зборува за европските перспективи на Северна Македонија и владеењето на правото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *