• Fri. Nov 22nd, 2024

Маричиќ: Реформата на јавната администрација важна за напредок кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во своето воведно излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација, истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот Темели.

– Во периодот пред нас ќе мораме да се насочиме кон исполнување на европските барања и стандарди во реформирањето на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека професионалноста на јавната администрација е важна, како за исполнување на обврските на европскиот пат, така и за создавање администрација која квалитетно ќе им служи на потребите на граѓаните.

Според вицепремиерот Маричиќ и главен преговарач со ЕУ, сега реформата на јавната администрација е специјално дефинирана како област и е дел од основите на кластерот Темели, само укажува на важноста и значењето што ќе го има за целиот процес.

– Ние сме добро свесни дека неспорно ќе биде од суштинско значење за динамиката на преговорите како целина. Модернизацијата и подобрувањето на државната и јавната администрација треба да се смета како основа на целиот јавен сектор од кој зависи развојот во секое демократско општество, потенцираше Маричиќ на состанокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *