• Fri. Nov 22nd, 2024

Маричиќ: Преку ИПА проекти за управување со органски отпад ги реализираме целите на Залениот договор

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во серијалот ИПА проекти и искористувањето на европските средства, на својот Фејсбук профил објави дека ЕУ дава финансиска поддршка за управување со органски отпад, бидејќи е важно прашање за заштита животната средина и е една од најсложените области во однос усогласување со регулативите на Европската Унија.

Вицепремиерот Маричиќ се осврна на проектот „Симбиозис“ кој отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи овој проект, поддржан од европските ИПА програми, овозможи да започне со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла, туку ќе го преработува и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини.

-Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехранбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикни претприемништвото, пишува вицепремиерот Маричиќ.

Во продолжение на текстот, вицепремиерот и Национален ИПА координатор вели дека Унијата нè поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подигаме на ниво на стандардите на ЕУ, со вкупен буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 од 45.470.066 евра, ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра се искористени во проекти од втората приоритетна оска-Заштита на животната средина-транспорт.

-Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите. Наша цел е транзицијата кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места, стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.Attachments area

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *