• Tue. Nov 26th, 2024

Маричиќ: Листата за помилување е предлог на затворот

Во јавноста се крена прашина по предлог листата за помилување на затвореници, која од затворот, преку министерот за правда Бојан Маричиќ треба да стигне кај претседателот Стево Пендаровски.

На листата за делумно помилување меѓу имињата на шеесетина осуденици се најдоа и Сеад Кочан, Алекасандар Василевски- Нинџа и Бобан Илиќ.

Министерот Маричиќ се оправда дека листата е стигната од затворот, како што налага процедурата и таа не е конечна.

-Јас би сакал да објаснам дека министерот за правда не дава никаков предлог за помилување во овој случај, ова се специфични помилувања бидејќи се работи за групни помилувања по повод Нова годаина кои се одвиваат секоја година и листите кои се предложени ги прават директорите на затворите. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, кажа министерот за правда Маричиќ за Утрински Брифинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *