• Sat. Nov 23rd, 2024

Манчев: Пандемијата нѐ натера уште подобро да работиме

Социјалните претпријатија во државата има малку. Оние што функцонираат, пак, се соочуваат со сериозни потешкотии за работа во услови на пандемија. Центарот за професионална рехабилитација на Избор од Струмица каде лица со попречености и лица кои се борат со зависности се дел од работноориентирана терапија вели дека постојано наоѓаат нови методологии за да работат и функционираат во време на ковид. За Сократ Манчев, ова е предизвик и ново искуство кое на еден начин и им ги зајакнало капацитетите.

Експеритте велат дека полека ќе се спроведува децентрализација на социјалните услуги со што ќе се создаде поголемо поле за работа и на социјалните претпријатија и на приватниот сектор и граѓанските органзизации.  Според нив  социјалната политика на општините треба да се развива и креира онака како што налагаат  потребите на даден регион.

Во секој плански регион во државата ќе се формираат совети за социјална заштита каде ќе соработуваат општините, граѓанските организации, социјалните претпријатија и приватниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *