• Fri. Nov 22nd, 2024

Манчев: Можно контролирано фрлање на отпадот на депонијата во Босилово

Градоначалникот на Босилово Ристо Манчев, на својот ФБ профил информира дека планираат затворање на депонијата во летните месеци од следната година со цел воведување систем на контролирано фрлање на отпадот. додава дека во соработка со ЛАГ Беласица- Огражден работеле на решавање на проблемот со горењето на депонијата.

-Палењето и горењето на депонијата во Босилово е долгогодишен и сериозен проблем за граѓаните на Босилово. И покрај сите напори и оваа година, во периодот од 01 Јули до 04 Август, имавме проблеми со горењето на депонијата. Со цел решавање на проблемот, во изминатиот период во соработка со ЛАГ Беласица – Огражден се пристапи кон:

– Целосно оградување на депонијата

– Поставување на соларни камери

Порта

– Чуварница

– Засадување на зимзелени дрвца кои ќе имаат естетско и практично значење

– Редовно одржување и чистење.

Во наредниот период ќе бидат преземени и други мерки, а во план е и нејзино затварање во летните месеци следната година, односно воведување на систем на контролирано фрлање на отпадот исклучиво за граѓаните од населено место Босилово, напиша Манчев на својот ФБ профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *