• Tue. Nov 26th, 2024

МАЛТА ВЕЛИ ДЕКА Е ПРВА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА КОЈА ПОСТИГНАЛА КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ПРОТИВ КОВИД-19

By

May 25, 2021

Малта објави дека е првата земја од Европската Унија која постигнала колективен имунитет против ковид-19, откако 70% од возрасното население примило барем една доза од вакцината.

„Постигнувањето на колективен имунитет е од огромна важност за локалната економија, особено туризмот“, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Во изминатата недела, во земјата беа регистрирани само три нови случаи на коронавирус на ден, а стапката на позитивни тестови падна на 0,2%.

„На секои пет секунди во земјата се дава една вакцина. 42% од возрасното население е целосно вакцинирано“, изјави министерот за здравство, Крис Фирн.

Вакцинирањето е достапно за сите жители со над 16 години и Фирн кажа дека границата ќе се спушти до 12 години откако Европската агенција за лекови ќе одобри таква вакцина. Тој додаде дека задолжителното носење маска на отворено ќе биде укинато за вакцинираните на 1 јули. Работното време на угостителските објекти е продолжено до полноќ.

извор:https://sdk.mk/index.php/svet/malta-veli-deka-e-prva-evropska-zemja-koja-postignala-kolektiven-imunitet-protiv-kovid-19/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *