Малолетници на мотороцикли го узурпираат градскиот плоштад и корзото и ја загрозуваат безбедноста на пешаците. Граѓани со мали деца реагираат дека е небезбедно да се шетаат зароа што мотоциклите постојано кружат на шеталиштето. На видеото што стигна преку апликацијата Граѓански новинар, се гледаат десетици малолетници на мотороцикли кои возат по плоштадот.
Од МВР велат дека од почетокот на август на територијата на Струмица се санкционирани 33 возачи од кои тројца биле малолетници, а двајца возеле со несоодветна документација.