Маските се речиси готови, но, настапот мора да се извежба до перфекција. Ваков е ставот на малите карневалисти од Видое Подгорец и нивната наставничка Емилија Трајкова, кои последните денови пред детскиот карневал забрзано се подготвуваат.
Вежбаат во секој слободен момент, понекогаш и после часовите. Нивната група е наречена „Мали македонски рисови“, а годинава ќе се претстават со маската „Македонска фудбалска репрезентација“.
Маската испраќа повеќезначна порака: дека децата треба да спортуваат, да ги поддржуваат националните тимови, но и духот на струмичкиот карневал, кој е традиција во која се вљубуваат струмичани уште од мали.
Со нетрпение ги очекуваме рисовите на Детскиот карневал!