Од денес, француските кафулиња и ресторани имаат дозвола повторно да ги послужуваат гостите на отворено, по шестмесечна блокада, а францускиот претседател Емануел Макрон исто така го „прослави“ повторното отворање, пиејќи кафе во друштво на премиерот Жан Кастекс.
„Еве сме! Тераси, музеи, кина, театри. Да ги откриеме повторно работите што ја сочинуваат уметноста на живеењето“, напиша Макрон на својот профил на „Твитер“, кој пиеше кафе во кафуле во близина на Елисејската палата, пренесува „Ројтерс“.
Како дел од ублажувањето на мерките воведени за борба против коронавирусот, во Франција, од денес, на шест лица им е дозволено да јадат заедно на отворените тераси на ресторани.
Полицискиот час исто така е поместен и започнува во 21:00 часот, а не во 19:00 часот, пренесува Би-би-си.
Сепак, иако се отвораат барови и ресторани, нема да им биде дозволено да работат во затворено.