• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонските возачи се враќаат, камионите остануваат во Украина

По речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, возачи на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони, јавува Сител.

Сопственикот на фирмата изјавил дека двата камиони биле запленети без никакво објаснување и документ. Украинските гранични служби синоќа им соопштиле на возачите дека имаат околу пет минути да ги земат личните работи и да си заминат од државата.

Освен македонските камиони, биле одземани и неколку руски и белоруски камиони кои во претходните две недели беа заглавени на украинската граница.

Газдата на валандовската фирма бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат повеќе од 200.000 евра.

Двата камиони биле товарени со јаболко кое патувало кон Русија, а во Украина влегле пред да почне воената операција на руската армија на територијата на Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *