Заеднички час на македонски јазик за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Учениците кои ја посетуваат дополнителната настава на македонски јазик во Германија, Словенија, Франција и Швајцарија беа дел од овој час. Под менторство на професорскиот кадар м-р Аниса Трпчевска, Ана Матовска – Смилевска, Катица Мицева, Бисера Коцар – Филиповски, Снежана Катарова, Елица Атанасовска – Стојаноска и Ане Тимовска – Митрева тие одржаа заеднички час.
Програмата на овој настан беше збогатена со учеството на едукаторката м-р Маја Димитрова. Димитрова со куса презентација ја претстави работата на Националната галерија. Таа зборуваше за нејзиното значење во зачувувањето и промовирањето на македонските современи и традиционални културно-уметничките вредности. Националната галерија веќе со години наназад реализира ваков вид соработка со професорскиот кадар. Поради тоа ужива голема доверба и почит кај учениците кои ја посетуваат наставата на македонски јазик.
На часот присутна беше и Ксенија Маказлиева – Трајчева, уредник на детските списанија на редакција Детска радост. Тоа се Росица, Другарче, Развигор и наш свет во издавачката куќа Просветно дело. Таа ги запозна учениците со историските податоци за првите детски печатени списанија на македонски јазик и истите визуелно им беа прикажани.
Ова беше навистина значаен миг за нашите ученици. Bидејќи имаа неповторлива можност да ги видат првите детски печатени списанија на македонски јазик. Сето ова ја поттикна нивната љубопитност. Tие изразија желба за оранизирана посета. Како на Националната галерија, така и на Просветно дело. Сметаме дека ваквите часови се од суштинско значење. За развивање на чувството на припадност. А со самото тоа и втемелување на љубовта кон родниот крај и сопствените корени. – изјавија професорките.
Овој настан кој неминовно заслужува внимание поради иницијалната идеја, така и поради бесконечната улога во втемелувањето на националните обележја во детските карактери. Настанот заврши со музичка изведба на македонските песни Македонско девојче и Во светот на бајките, на м-р Анета Качуркова – Милцен. Таа е поранешен член на групата П. С. , која моментално е со ангажман на Музичката академија во Париз. Околу 200 детски гласа низ целата Европа во хорски настап зааедно со Анета ги испеаја овие песни. Овие детски гласови силно ја испратија пораката од мотото на овој настап до цела Европа.