Македонија бележи скок од 33 места на глобалниот индекс за слободата на медиумите за оваа година на „Репортери без граници“. Сега земјава се наоѓа на 57. место во споредба со лани, кога го зазеде 90. место.
Од регионот, подобро се рангирани Хрватска, Словенија, а зад нас се Косово, Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција.
Хрватска е единствената од опкружувањето што се наоѓа во категоријата држави каде ситуацијата е оценета како „задоволувачка“.
Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави напредокот и им се заблагодари на новинарите за нивната работа.
„Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот. Во оваа приода сакам да се заблагодарам на новинарите и медиумските работници за нивната посветена работа и да им порачам да продолжат професионално да ја работат својата работа. Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството“, наведе Ковачевски.