• Mon. Nov 25th, 2024

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО, на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка на Алијансата.

Премиерот, Зоран Заев, ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На самитот владината делегација ќе учествува на состанокот на шефовите на државите и влади на Северноатлантскиот совет. Покрај состанокот, владината делегација ќе има неколку билатерални средби.

„Во Брисел се одржува првиот Самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Рамо до рамо со нашите сојузници, сме целосно посветени на колективната безбедност. Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *