• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија претседавач на ОБСЕ во 2023

Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За нас во куќата на дипломатијата, рече Османи, еден од најважните приоритети во 2022 година ќе биде токму претседавањето со ОБСЕ и преку активната улога како дел од тројката, но и преку нашата подготовка за претседавањето во 2023 година.

Со денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, го преземаме претседавањето со Групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе ја организираме и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа го преземаме и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *