Македонија е рангирана на 7 место во рамките на опфатени 30 земји, според првиот индекс за политиките за дроги во светот.
Пред Македонија се Грузија на шесто место со ист број на бодови, потоа Канада, Австралија, Велика Британија,Португалија, Нов Зеланд и Норвешка на прво место. Од европските земји кои се полошо оценети од Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место.
„Ова 7 место не треба да се гледа како успех за Северна Македонија која беше оценета со 55 од 100 можни бодови. Во секој учебник индексот 55 не се оценува како добро постигнување. Посебно ако се земе во предвид и друштвото односно групата на земји кои беа оценувани од кои поголемиот дел се познати по своите лоши политики за дроги. Овој индекс треба да се чита во насока дека македонската влада и институции имаат уште многу работа за креирање на содветна политика за дроги која ќе се базира на здравјето и човековите права “ изјаувуваат од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.