• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија и Романија зајакнуват бизнис соработка

Земјоделско-прехранбената, металната и електро индустријата, фармацијата, производството на медицинска опрема, градежништвото и туризмот, се секторите со најголем потенцијал за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Романија, беше речено на денешниот бизнис форум што се одржа во Стопанската комора.

За првите три месеци од 2022 година, трговската размена меѓу двете земји достигна 108,6 милиони американски долари што, и покрај здравстевно-економската криза, покажува раст од 8,7 отсто во однос на истиот период лани. Притоа, остварен е извоз во вредност од 31,1 милион долари што е пад за 0,37 проценти, додека увозното салдо изнесува 77,7 милиони долари што е раст од 12,84 отсто.

Таа потсети дека последниот заеднички форум беше одржан минатата година на 30 јуни, но оттогаш до денес, подвлече, се настанати значајни промени во условите на стопанисување – раст на цените на енергенсите, раст на цените на суровините и двоцифрен раст на инфлацијата. Сепак, како што нагласи Трајковска, забележано е зголемување на трговската размена на двете земји споредбено со 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *