• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија го празнува Илинден

Илинден е голем православен и државен празник кој се слави на 2 август. Овој ден има посебно значење за македонскиот народ, затоа што на 2 август 1903 започнало Илинденското востание, а во 1944 е одржано првото заседание на АСНОМ.

Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.

Свети Илија е еден од култните светци кај православните Македонци, затоа што православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените. Култот кон Перун бил силно развиен кај македонските Словени, па така го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец.

Св. Илија бил боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Бил родум од племето Ароново, од градот Тесвит, затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Се смета дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

Илинденското востание

Илинденското востание е востание против Отоманското Царство, организирано од страна на ТМОРО и претставува еденод најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманското Царство, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување. На почетокот на јануари 1903 се донеал одлука востанието да се одржи летото, иако за тоа немало поволна внатрешна и надворешна клима. Против биле многу револуционери, меѓу кои и Гоце Делчев.  Сепак, востанието означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење.

АСНОМ

Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Свети Прохор Пчински во близина на Куманово, 115 делегати го одржале првото заседание на АСНОМ. АСНОМ значи (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија). На ова собрание е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Југославија. Собранието го отворил ПАнко Брашнаров, најстариот делегат. Тој бил сведок на двата Илиндена и се обратил со зборовите.

„Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на неслободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *