• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

ByВане Трајков

Oct 23, 2022

На 23 октомври 1893 година во Солун била основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација

По тој повод, претседателот Пендаровски преку соопштение порача: „Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна Македонска република… Таа храбра визија што ги поврза Илинден 1903 и асном 1944, конечно се реализираше на 8 септември 1991 година во независната Македонска држава“…

„Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава“,се вели во честитката на премиерот Ковачевски….

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак со порака дека денеска се одбележува 129 години борба за Македонија која се уште трае…

Празникот беше одбележан и пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје каде делегации на државно-политичкиот врв положија свежо цвеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *