Според листата на ЦИА Северна Македонија e на 42 место по стапка на смртност на која се рангирани 229 држави во светот.
На прво место е Србија, а во првите десет покрај Србија спраѓаат и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.
Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.
Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Републкика Северна Македонија лани починале 28 516 луѓе. Од нив најмногу биле поради циркулаторен систем (35.9 %) , компикации од КОВИД-19 (20.6 %), , неоплазмите (13.8 %) , ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 %) и болести на респираторен систем (4.2 %)..