Maкедонците со бугарски пасош можат да се вакцинираат во Бугарија. Здружението Македонско-бугарско пријателство (МБП) од Скопје соопшти дека македонските граѓани кои поседуваат бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19 тоа можат да го сторат преку бугарската веб-страница за регистрирација.
Претседателот на здружението, Добре Митрев нагласува дека заинтересираните можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање.
За вакцинација во Бугрија потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија, вели Митрев.