Младата авторка Магде Ангова, која ја издаде првата книга гатанки за деца со наслов „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“, почнала да пишува за време на карантинот. Домашниот амбиент и игрите со ќерка ѝ ја мотивирале да создава. Од издавањето на книгата псотојано е во друштво на децата и вели дека меѓу нив се кријат вистински млади таленти. Ангова апелира наставниците да го хранат талентт на детето мотивирајќи ги да читаат и да создаваат, но и младите автори да се охрабрат и да ги понудат своите ракописи на издавачките куќи, затоа што квалитето секогаш се препознава.
Целото интервју на Магде Ангова со новинарката Катерина Дафчева во продолжение: