• Sun. Nov 24th, 2024

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

By

Jun 6, 2016 #Свет

Анкета направена минатата седмица покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното.

Бројот на поддржувачите за излегување на Велика Британија од Европската Унија е за 4 процентни поени повисок од спротивниот табор – оние што сметаат дека не треба да се напушти, вели најновото истражување на јавното мислење на „Ју-гов“, порачано од утринската програма на телевизијата ИТВ, пренесува БТА.

Анкетата направена минатата седмица покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното.

Според едно друго истражување, пак, направено последната седмица од мај, а објавено денеска од агенцијата ТНС (Компанија за глобално пазарно истражување), поддршката за Брегзит е 43 отсто, а 41 отсто – за останување во ЕУ. Разликата е во рамките на статистичка грешка на проучувањето, а 16 проценти од анкетираните одговориле дека сè уште не зазеле став за прашањето.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *