• Fri. Nov 22nd, 2024

Mладинци со интелектуална попреченост од Струмица рачно изработуваат сувенири и украси и докажуват дека се креативни

„Преку креативност поблиску до социјална инклузија“ . Ова е насловот на проектот кој ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица започна да го имплементира од мај, а финассики го подржува општина Струмица. Општа цел на проектот е развој на социјалното претприемништво како основа за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост. Од таа причина лицата почнаа со   изработка на сувенирии и украси од гипс, глина, стакло, хартија и други материјали каде ја докажуваат својата креативност и потврдуваат дека може работно да бидат ангажирани. Во рамките на проектоте има и  работилници за изработка на сувенири и украси и нивна продажба

Целта на активности на проектот што го реализира Порака  е развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување на лицата со интелектуална попреченост. Најпрвин, ќе се создадат услови во Социјалниот Клуб (просторни, технички и професионални) во насока на работно оспособување или оспособување за дел од работен процес на корисниците од Клубот, што ќе придонесе до главната цел на програмските активности, а тоа е придонес кон развој на социјалното претприемништво за поголема социјална инклузија на лицата со интелектуална попреченост.


И родителите/старателите на лицата со интелектуална попреченост – членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се дел од работилниците за стекнување вештини за изработка на сувенири и украси. Вклучувањето и на родителите/старателите во ваквата иницијатива, како една почетна, пилотна фаза, претставува предуслов за разбирање и надминување на предрасудите и бариерите со кои тие се соочуваат, особено во оние области кои се најалармантни, во кои дефинитивно влегува вработливоста на лицата со попреченост.

Проектот чини 185.125 денари, од кои 146.025 се финасиска поддршка од Општина Струмица, а 39.100 се сопствено учество, овозможено од РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје и сопствени средства од донации и хуманитарни активности. Од Порака најавуваат дека наскоро ке биде објавена и продажбата на сувенирите и украсите од креативните раце на младицните со интелектуална попреченост

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *